Екипата на Ѓорче Петров на гостувањето во Ниш кај Наиса забележа триумф од 36:35 (18:20) во контролен натпревар.
За македонскиот шампион, кој ќе игра и на европска сцена, тест мечот со некогашниот првак на Србија беше добра проверка на силите.
Во составот на Симе Симовски на денешната „контролката“ се истакна Емилијана Ризоска со девет погодоци, додека по осум реализации имаа Ива Божиноска и Анастасија Николовска.
Кај домаќинот прво име беше средниот бек Тамара Симоновиќ, која во мрежата на „лавиците“ постигна 11 погодоци.
Ѓорче Петров на домашна сцена ќе ја брани титулата, но ќе се обиде да го освои и Купот на Македонија.
Ракометарките на Ѓорче Петров новата сезона ја отвораат на 16/17 септември со дуел против Пелистер во Битола.