Два од четирите македонски претставници, Ѓорче Петров и Чаир, го минаа успешно второто коло во Европскиот Куп и сега ќе ги очекуваат ривалите за следната фаза во ова натпреварување.
Според рејтингот на клубовите, веќе се познати и шеширите пред ждрепката што ќе одржи утре во Виена. Ѓорче Петров ќе биде носител, односно во првиот шешир, додека Чаир ќе биде во вториот шешир, а тоа значи дека е можен и македонски двобој во третото коло.
И во двата шешири има посилни тимови од нашите два. Сигурно Ѓорче Петров ќе сака да ги избегне шпанскиот Хихон и Елче, полскиот Јарослав…исландскиот ИБВ Вестманејар.
Чаир може да налета на Атлетико Гуардес, португалската Бенфика, шведскиот Луги со Изабел Гулден, Кобержице каде што игра Зорица Десподовска…а противници по мерка би биле српската Јагодина, турскиот Измир, чешката Хазена Кинзварт..
Другите два македонски претставници, Куманово и Металург, со по два порази од израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган и грчкиот ПАОК Солун беа елиминирани од Европскиот Куп
Натпреварите од третото коло се на 3/4 и 10/11 декември.
шешир 1: Атлетико Гуардес, Јагодина, Галичанка, Измир, Хазена Кинзварт, ПАОК Солун, Бенфика, Валур, Јувента Михаловце, Ѓорче Петров, Х71, Цуг, Макаби Аразим Рамат Ган, Ацгерсдорф, Јарослав, Мадеира
шешир 2: Хихон, Коњалти, Славија Прага, Квинтус, Борац Бања Лука, Елче, Јуро Унирек, Алавариум, ИБВ Вестманејар, Чаир, Јенимале, ГАС Артас, Сан Педро Сул, Румс Јагс, Луги, Кобержице