Ѓорче Петров влегува во игра за тутулата – направи „брејк“ против Вардар

Ѓорче Петров влегува во игра за титулата во женската лига во Македонија откако направи „брејк“ на гостински терен кај Вардар. Гостинките победија со 25-23 (9-13) со што се искачија на првото место на табелата со 14 бода, исто колку и Куманово. Иако губеа со „минус 6“ (12-6) во првото полувреме, тимот предводен од Симе Симовски успеа да се врати во игра, и со целосен пресврт да ги освои бодовите во СЦ “Јане Сандански“.

Откако во 48 минута Ѓорче Петров успеа првпат да израмни, 18-18 потоа се беше во корист на гостинките. Со две одбрани на Слободанка Кицеска и два гола на Ана Марија Коларовска, ѓорчепетровки поведоа со 22-20 на пет минути до крај на мечот. Вардарки потоа почнаа да влегуваат во серија на грешки, а тоа на спротивната страна го искористија гостинките да постигнат лесни голови.

Почетокот на натпреварот навестуваше поинаков исход. Вардар брзо поведе со 4-1 најавувајќи дека се подготвени и за трет триумф во меѓусебните дуели сезонава. И продолжија да го зголемуваат водството, кое во 23 минута изнесуваше највисоки „плус 6“ (12-6). Секогаш кога ѓорчепетровки ќе се приближеа резултатски, Вардар „додаваше гас“ и повторно имаше солидна предност. Имаше Вардар подршка од голманите и Андреја Илиќ имаше осум одбранети топки во тој период.

Гостинките играа беа Ангела Јанкуловска која се повреди со настап за репрезентацијата, но во второто време тимото одигра одлично. Полека, ама сигурно ја топеа предноста на домашните, и на крај имаа и зошто да слават.

Кај Вардар, најефикасна беше Ивона Трпевска со 6 гола, а кај гостинките Ана Марија Коларовска постиган седум гола.

Во следното коло Вардар гостува кај Куманово на 12 март, а Ѓорче Петров е домаќин на Деспина.

ПозЕкипаНПРЛБ