ЃОРЧЕ КУП 2021: Јагодина немаше милост против Деспина

Во вториот натпреварувачки ден од ракометниот турнир „Ѓорче Петров Куп“ екипата на Јагодина од Србија немаше никакви проблеми против македонскиот претставник Деспина и триумфираше со високи 36:11.

По стартниот пораз од Вардар во првото коло, денес Јагодина одигра одличен натпревар.

Актуелниот шампион на Србија на полувреме имаше предност од 16:7, а до крајот на натпреварот разликата растеше од минута во минута. Ракометарките од Прилеп одиграа лошо второ полувреме и во мрежата на противникот постигнаа само четири гола.

Денес со почеток од 21:00 часот, Деспина ќе го одигра вториот натпревар на овој турнир. Противник на прилепчанки ќе биде составот на Вардар. Натпреварот ќе се одигра на отвореното игралиште „Камин Кама“.