ЃОРЧЕ КУП 2021: Вардарки ја добија драмата, блиску се до меч за трофеј (ФОТОГАЛЕРИЈА)

жрк Вардар – Јагодина Турнир Ѓорче

Ракометарките на Вардар имаа победнички старт на турнирот „Ѓорче Петров Куп“, откако славеа над српскиот шампион Јагодина со 25-24. Во драматичниот финиш, подобро се снајдоа вардарки, се одбранија во последниот напад и ја задржаа топката во свој посед. Доколку утре слават против Деспина, избраничките на Драгана Ристова ќе играат в сабота во мечот за трофејот.