ЃОРЧЕ КУП 2021: Новиот проект тргна амбициозно, „лавиците“ од Ѓорче на чекор до финале (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ѓорче – Чиле турнир Ѓорче

Ракометарките на Ѓорче Петров ја забележаа првата победа на турнирот во нивна организација, откако славеа над репрезентацијата на Чиле со 28-25. Со одлична игра во текот на целиот натпревар не му дозволија на ривалот да размислува за ништо друго, освен за пристоен пораз. Утре во директен дуел, избраничките на Оливер Димитриоски против српскиот Бор ќе решат која екипа ќе се бори за трофејот в сабота.