Денеска е завршниот ден од првиот турнир во организација на Ѓорче Петров, кој во иднина треба да прерасне во традиционален.
Во борбата за петтото место, составот на Бор славеше во пресметката против тимот на Деспина со убедливи 33-16.
Победникот беше решен уште по првиот дел кога српскиот тим успеа да направи залиха од десет гола, 18-8.
Во битката за третото место ќе играат селекцијата на Чиле и српскиот шампион Јагодина, додека за трофејот ќе се борат Вардар и Ѓорче Петров.