Актуелниот шампион на Унгарија, Ѓер, потклекна во финалниот натпревар од Купот на Унгарија и загуби од Ференцварош со 26-22.
Иако на полувремето беше нерешено, 12-12, сепак екипата на Амброш Мартин постигна само десет гола во вториот дел и мораше да се помири со пораз.
За Ференцварош, кој на македонската јавност и е познат по двомечот со Кометал ЃП од легендарната 2002 година, ова е 13. трофеј во Купот на Унгарија.
Последен пат Ференцварош освои трофеј во ова натпреварување пред пет години.
За Ѓер ќе има шанса за рехабилитација од овој пораз веќе следниот викенд кога ќе се игра завршниот турнир од Лигата на шампионите во Будимпешта.