Натпреварите во Лигата на шампионите во женска конкуренција финишираат викендов, а денеска беа одиграни неколку интересни дуели на кои на сите до победа дојдоа домашните тимови.
Екипата на Ѓер доби голем дуел против составот на ЦСКА Москва бидејќи тој го одлучи првото место во групата Б. Унгарките до денеска беа на 2. позиција, но успеаја да стигнат до триумф против ЦСКА Москва и така да стигнат до два бода со кои на крајот се изборија за ротација на првите две места.
Сара Ристовска имаше два гола во овој натпревар, но сите од ЦСКА Москва не можеа да се пофалат со поголема ефикасност.
Интересно беше особено во првите 40 минути на средбата меѓу Будуќност и Подравка. Балканското дерби донесе интересни дуели на кои нијанси пресудуваа во овој период, а потоа дојде до израз квалитетот на ракометарките на Будуќност, кои во последните 20 минути направија предност од седум гола за конечни 33:26.
Утре треба да се одиграат уште две средби, а остануваат уште неколку неодиграни кои ќе се одлучуваат на „зелената маса“. Сепак, исто како и во машката Лига на шампиони и тука сите 16 екипи одат во елиминациите и учествуваат во осминафиналето.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А
МЕЦ – ЧСМ БУКУРЕШТ 25:22 (16:12)
Сајка 6, Брох 4, Ноканди 3 – Неагу 8, Беренгер 4, Омореги 3
РОСТОВ ДОН – ФТЦ РАИЛ КАРГО 26:24 (12:12)
Манагарова 7, Макеева 6, Сен 4 – Малештајн 8, Белк 7, Тот 4
КРИСТИЈАНСАНД – КРИМ МЕРКАТОР 37:30 (16:15)
Дал 11, Далум 7, Регснес 5 – Плетикосиќ 11, Уголин 4, Љепоја 4
14:00ч
ЕСБЈЕРГ – БИТИГХАЈМ
ТАБЕЛА: 1. Ростов Дон 21 бод (331:308); 2. Мец 20 (389:354); 3. ЧСМ Букурешт 17 (331:309); 4. ФТЦ Раил Карго 16 (386:378); 5. Кристијансанд 16 (327:320); 6. Есбјерг 10 (337:322, -1 меч); 7. Крим Меркатор 7 (325:375); 8. Битигхајм 3 (289:349, -1 меч).
ГРУПА Б
БУДУЌНОСТ – ПОДРАВКА 33:26 (13:11)
Радичевиќ 8, Грбиќ 5, Вукчевиќ 5 – Цакалу 8, Милосављевиќ 6, Турк 4
ЃЕР – ЦСКА МОСКВА 31:24 (14:13)
Лукач 7, Офтедал 6, Хансен 4 – Ведекина 4, Илина 4, Горшкова 3
16:00Ч
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ОДЕНЗЕ
ТАБЕЛА: 1. Ѓер 24 бода (457:353); 2. ЦСКА Москва 23 (404:350); 3. Брест 17 (383:339, -1 меч); 4. Одензе 13 (360:338, -1 меч); 5. Будуќност 12 (363:377); 6. Рамницу Влчеа 8 (253:319, -1 меч); 7. Борусија Дортмунд 7 (315:367, -1 меч); 8. Подравка 4 (326:419).