Шампионот на Европа во женска конкуренција, екипата на Ѓер воведе строги превентивни мерки за заштита на своите ракометарки од коронавирусот.
Раководството одлучи сите групни тренинзи да бидат откажани. За ракометарките на првиот тим се обезбедени индивидуални тренинзи кои ќе треба да ги работат во своите домови.
На ракометарките не им е дозволено да влезат во салата или да одат во теретана. Исто така клубот создаде комуникациска платформа каде што секој ден сите ракометарките треба да известуваат каде се наоѓаат и каква е нивната здравствена состојба. Ова соопштение го објави клубот на официјалната веб страна.