Унгарскиот првак Ѓер објави дека се потпишани нови договори со две ракометарки од актуелниот играчки кадар.
Станува збор за норвешкиот среден бек Стине Офтедал и шведскиот кружен напаѓач Лин Блом, кои ќе го носат дресот на Ѓер и во сезоната 2023/24.
Офтедал игра во Ѓер од 2017 година и настапи досега на 214 натпревари накои постигна 874 погодоци.
Со Ѓер ја освои титулата во Лигата на шампионите два пати, а по три трофеи има во Купот на Унгарија и унгарското првенство.
Блом минатата сезона дојде во Унгарија од романскиот тим Баја Маре и веднаш ги освои симпатиите на навивачите и раководството.