Ѓер ги задржува најдобрите, нов договор за Норвежанката

Репрезентативката на Норвешка, Вероника Кристијансен доби нов договор од својот тим и таа ќе продолжи да ги брани боите на Ѓер.

Според информациите кои ги објавуваат од клубот таа досегашниот договор кој беше со важност од три години го продолжува откако сите во клубот се задоволни од неа.

„Задоволна сум што ќе можам да останам во Ѓер и тука да ја продолжам својата кариера. Сè е направено за да можеме да постигнеме највисок резултат. Тренираме во одлични услови, клубот помага во сè за играчите да можат да се фокусираат на извршување на своите задачи. Имам мотивација и сакам да постигнам одлични резултати со екипата“, вели левиот бек од Норвешка, Кристијансен.

Таа дојде во Ѓер во 2018 година од тимот на Хернинг Икаст од Данска каде што играше три години.