Екипата на Ѓер, која е главен фаворит за освојување на шампионската титула во Лигата на шампионите, ја извести јавноста дека за натпреварите против Брест Бретањ нема да може да смета на две клучни ракометарки.
Кружниот напаѓач од Норвешка во редовите на Ѓер, Кари Братсет Дале, која на Светското првенство минатата година беше прогласена за МВП, поради бременост ќе мора да паузира подолг временски период.
Нејзината сонародничка, голманката, Силје Солберг, пред неколку недели имаше операција во Норвешка, а лекарите и препишаа двонеделен одмор. Иако, се очекува да биде спремна за реванш натпреварот против тимот од Франција, сепак, нејзиниот настап е неизвесен.
Амброс Мартин на позицијата пикер ја има искусната, Крина Пинтеа, додека меѓу стативите ги има двете голманки од Франција, Амандин Лејно и Лора Глосе.
Ѓер првиот натпревар од четвртфиналето против Брест Бретањ ќе го одигра на 30 април во Франција, додека реванш натпрварот е закажан за 7 мај во Унгарија. Победникот ќе обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта и ќе има шанса да се бори за титула во Лигата на шампионите.