Ѓер без проблеми славеше над дебитантот, Вајперс Кристијансад го доби дербито со Ференцварош

По кратката пауза, денес продолжија натпреварите од Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Во рамки од 10. коло, фаворитите ја оправдаа својата улога и се радуваа на нови бодови.

Победа во денешните дуели остварија екипите на Ѓер, ЧСМ Букурешт, Вајперс Кристијанштад и Оденсе.

Ѓер на свој терен беше подобар од дебитантот Сторхамар со 39:26 (17:13). За Ѓер денешната победа беше осми триумф во новата натпреварувачка сезона, доволно за моментално да се позиционира на првото место во групата Б.

Еден од тимовите кои атакуваат на пласман на Ф4 турнирот, ЧСМ Букурешт на гостувањето во Чешка кај Бањик Мост без многу проблеми дојде до убедлива победа од 35:26 (20:10).

ЧСМ Букурешт останува на лидерското место во групата А, во која актуелниот европски шампион Вајперс Кристијансад денес го доби дерби дуелот против Ференцварош со еден гол разлика, 27:26 (15:15).

Најефикасни во победничката екипа со по седум гола беа Ана Вјахирева и Маркета Јерабкова. Листата на стрелци во поразениот табор беше предводена од Емили Белк со осум гола.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 10. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

БАЊИК МОСТ – ЧСМ БУКУРЕШТ 26:35 (10:20)

КРИСТИЈАНСАД – ФЕРЕНЦВАРОШ 27:26 (15:15)

ОДЕНСЕ – БРЕСТ БРЕТАЊ 25:24 (14:11)

КРИМ – БИТИНГХЈАН (08.01.2023)

ГРУПА Б

ЃЕР – СТОРХАМАР 39:26 (17:13)

МЕЦ – ЕСБЈЕРГ (08.01.2023)

РАПИД – БУДУЌНОСТ (08.01.2023)

ЛОКОМОТИВА – КАСТАМОНУ (08.01.2023)