Ѓеорѓиевска и Седлоска добија тешки групи, ги чека силна Лига на Европа

Двете репрезентативки на Македонија кои ќе играат во групната фаза од Лигата на Европа, Елена Ѓеорѓиевска и Андреа Седлоска добија силни противници, така што ги очекува тешко продолжение на сезоната.

Седлоска со Локомотива од четвртиот шешир се најде во Групата А каде што за ривали ги има силните Мосонмаѓаровар, Сола и Безансон. Ќе биде навистина тешко да се дојде до бодови против овие ривали.

Магура Чиснадеи на Елена Ѓеорѓиевска беше повисоко рангирана во вториот шешир, но противниците не се нималку наивни. Лада Тољати од Русија, Хернинг Икаст од Данска и Сторхамар од Норвешка ќе бида голем предизвик така што нема да има лесен натпревар.

Ова натпреварување исто како и машката Лига на Европа добива на квалитет така што претстои интересно продолжение на сезоната после Мундијалот во Шпанија.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ЖЕНИ

ГРУПА А

МОСОНМАЃАРОВАР (Унгарија)

СОЛА (Норвешка)

БЕЗАНСОН (Франција)

ЛОКОМОТИВА (Хрватска)

ГРУПА Б

БАЈА МАРЕ (Романија)

НАНТ (Франција)

ЗАГЛЕБИЕ ЛУБИН (Полска)

БИТИГХАЈМ (Германија)

ГРУПА Ц

ЛАДА ТОЉАТИ (Русија)

МАГУРА ЧИСНАДЕИ (Романија)

ХЕРНИНГ ИКАСТ (Данска)

СТОРХАМАР (Норвешка)

ГРУПА Д

ВИБОРГ (Данска)

ВАЦИ (Унгарија)

РАМНИЦУ ВЛЧЕА (Романија)

ШАМБРИ (Франција)