Шундовски се врати во Битола

Најуспешниот македонски селектор Звонко Шундовски повторно е во родниот град Битола, откако го заврши престојот во катарскиот тим Ал Рајан.

Битолчанецот како предводник на оваа екипа имаше седум победи на девет натпревари во домашниот шампионат, но честото менување на играчите создаде лоша атмосфера во клубот и тој се реши да замине. Ал Рајан важи за клуб каде секогаш има силен притисок врз тренерите и играчите од страна на сопственикот на клубот кој често сака да се меша во работата и одлуките на тренерите.

Шундовски во Македонија ги водеше екипите на Пелистер и Металург, а останува најуспешниот селектор кој стигна до петтото место на ЕП 2012 година.

На меѓународна сцена ги водеше селекцијата на Израел, како и романските ЧСМ Букурешт и Констанца.