По Стеван Вујовиќ, Никола Кеџо и Жарко Марковиќ, уште еден играч од балканските простори се пресели во катарскиот Ал Рајан.
Тимот што го предводи поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски, се засили со српскиот плејмејкер Лука Митровиќ.
Амбициозниот тим предводен од македонскиот тренер од 2012 година нема освоено трофеј вво Катар, па ќе се обиде тоа да се промени оваа сезона.
Митровиќ потекнува од Металопластика Шабац, играше за словенечките Целје и Горење, за данските Алборг и Нордсјеланд, норвешкиот Елверум, францускиот Сесон Рен…