Екипата на Доброгеа Суд Констанца од денеска е без тренер откако дојде до разделба со стратегот од Битола, Звонко Шундовски. Поранешниот селектор на Македонија, после една година и пет месеци си заминува од клубот со кој минатата сезона играше во финалето од плеј-офот.
Тимот на Констанца почна да се растура уште на крајот од минатата сезона кога голем дел од ракометарите кои беа интернационалци си заминаа. Од клубот заминаа и Никола Митревски и Велко Маркоски, но и Бранислав Ангеловски, кој беше спортски директор. Шундовски беше последниот Македонец во редовите на Констанца, но и тој сега си заминува.
Раководството официјално му се заблагодари за Шундовски за сè што направи за тимот, а воедно и информираше дека разделбата била пријателска.
Засега нема информации која е следната дестинација во кариерата на Звонко Шундовски.