Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше над Луксембург со 32-22 во полуфиналето на ЕХФ шампионатот во Летонија и обезбеди место во финалето, односно во борбата за трофеј!
Средниот бек Славчо Шулески беше најдобар стрелец во триумфот над Луксембург и постигна десет гола, а тоа беше доволно за да биде прогласен за МВП на мечот.
Победникот беше најавен уште по првиот дел кога момците на Раде Стојановиќ водеа со шест гола, а беше потврден во второто полувреме кога ривалот беше дотолчен.
Ривал во финалето на Македонија ќе и биде победникот од дуелот меѓу Швајцарија и Летонија, а мечот за трофеј е на програмата утре од 16:00 часот.