Претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер за „Eurohandball.com“ зборуваше за за влијанието на војната во Украина врз европските клупски натпреварувања за сезоната 2022/2023.
Според него поголемо влијание имало во женска конкуренција отколку во машките натпреварувања.
„Влијанието на ситуацијата веројатно беше поголемо во женскиот отколку во машкиот ракомет. Шансите на клубовите од овие земји (Белорусија, Русија и Украина) веќе беа помали да продолжат понатаму, додека кај жените ЦСКА и Ростов Дон кои се два силни тима излегоа од конкуренција. Тука сe и трансферите на големи играчи кои мораа да ги напуштат тимовите и да се преселат во други клубови во Европа. Секогаш е жално кога некој клуб кој се квалификувал поради други причини не може да ја искористи својата шанса“, изјави лидерот на европскиот ракомет, а за регистрацијата за сезоната 2022/2023 прокоментира:
„Имаме статус кво и ЕХФ дополнително ќе се справува со процесот на регистрација“.