Што му недостасува на Карачиќ? (ФОТО)

Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ, откако заврши со обврските кон Келце во Полска, деновите ги минува во Македонија заедно со неговата вереница.

Иако неговите соиграчи што останаа во Полска, им се вратија на тренинзите, Карачиќ сепак ќе остане во Скопје поради затворените граници.

Претседателот на Вардар, Михајло Михајловски, откри дека Карачиќ е посакуван од „црвено-црниот“ тим и дека средниот бек не би имал ништо против да се  врати во Скопје, но тој има договор со Келце на уште две години и засега камбекот не делува како реална опција.

Во меѓувреме Карачиќ на социјалните мрежи откри што му недостасува во овој период. Логично е – ракомет…

 

View this post on Instagram

 

Damn😒 I miss this game 😔

A post shared by Igor Karacic (@igorkaracicc) on