Францускиот ПСЖ повторно ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако го елиминира европскиот првак Кил.
Тимот на Раул Гонзалес славеше во реваншот против „зебрите“ со 34-28 и ја надмина негативата од два гола од Германија.
Интересен момент се случи во финишот на првото полувреме во салата „Пјер де Кубертен“ во Париз.
Некогашниот вардарец Даинис Кристопанс, веројатно немаше добра контрола на времето и мислејќи дека се играат последните секунди, се обиде да шутира кон голот на Ландин од половина терен.
Сепак имаше за играње уште цела минута…
Kristopāns 🙈
🎥: @TV3sportdk #ehfcl #handball pic.twitter.com/JvK58AtrHI— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) May 19, 2021