Во корона периодот, македонските тимови прават повеќе трансфери и носат ракометари повеќе и од шпанските, германските или француските тимови. Покрај суперлигашите, најактивно е триото Вардар, Металург и Еурофарм Пелистер, кое ќе има и меѓународни обврски.
Сите три клуба донесоа веќе по четири, пет или шест засилувања, а една работа е заедничка – тоа што сите се засилија со играчи од Загреб. Ако своевремено беше тешко замисливо играчи од хрватскиот првак да дојдат во македонски клубови, сега тоа е секојдневие.
Металург направи одличен потег – ем играчки, ем маркетингшки и го донесе капитенот на „плинарите“, Златко Хорват, кој цела кариера ја мина во Загреб.
Европскиот шампион Вардар, пак, најболните позиции во тимот по заминувањето на Скубе и Кристопанс, исто така ги пополни со „плинари“ – Анте Гаџа и Јосип Векиќ.
Денеска Еурофарм Пелистер ја засили конкуренцијата на десно крило и го донесе македонскиот репрезентативец Ненад Костески, кој не добиваше голема минутажа во Загреб.
Сега ниту еден од овие три тима знае дека врвот не му е загарантиран, а љубителите на ракометот во нашата држава знаат дека ги напролет ги чека возбудлив и до крај интересен плеј-оф.