Репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство ја забележа првата победа откако славеше во натпреварот против Македонија со резултат 28:24.
Со освоената победа над Македонија, ракометарите на Црна Гора остануваат во игра за пласман во главната рунда.
Еден од најискусните ракометари во црногорскиот табор, Марко Ласица на денешниот натпревар имаше 100% реализација, беше стрелец на два погодоци од исто толку обиди.
„Одлично го отворивме натпреварот, подоцна почнавме да паѓаме, но успеавме да издржиме. Кога беше најтешко, Симиќ бранеше одлично. Ни недостигаат многу играчи, но овој тим покажа голем потенцијал. Што би било само доколку бевме комплетни. Горд сум, срцето ми е исполнето”, изјаци Ласица.
Црна Гора во третото коло од групната фаза ќе се соочи со селекцијата на Словенија. Натпреварот против Словенците е закажан за 17 јануари со почеток од 18:00 часот.