„Штом добив дозвола, само ги нафрлав работите во куферот и заминав“

Данската репрезентативка Луис Бургард и ракометарка на Мец кризата со корона вирусот ја зафати додека беше во Франција, но после првите најави за карантин и полициски час во земјата таа веднаш сакаше да се врати во својата татковина.

Информацијата за воведување забрана за излегување од своите домови, Бургард ја добила додека била надвор од нејзините клупски колешки, а тогаш веднаш почнала да паничи.

„Стоев и само ја фрлив топката кога колешка ми напиша дека ќе биде воведен полициски час. Тогаш ме фати паника, веднаш почнав да размислувам како би издржала 45 дена сама во стан во Франција. Штом добив дозвола од клубот само ги нафрлав работите во куферот и во паника веднаш се упатив кон аеродромот во Луксембург кој беше најблиску до Мец. Од таму заминав за Данска со еден од последните летови пред да бидат затворени аеродромите“, објасни Бургард.

Бургард за прв пат има интернационално искуство во еден од најдобрите клубови во Европа, Мец. Сепак е неизвесно кога ќе продолжи сезоната па таа сакаше да биде во својата земја со најблиските додека трае кризата со пандемијата. А како што истакна и побезбедна се чувствува во Данска.