Штипски Текстилец во новата сезона од прволигашката конкуренција ќе влезе со ново раководство и со зголемени амбиции.
По осум години имаше промена на раководните структури, а за нов претседател на штипскиот клуб е избран Зоран Арсов, кој и досега беше дел од Текстилец.
Во стручниот штаб на клубот ќе бидат Благој Сенев и Донче Тодоров, како и искусниот Павле Тодоров.
Во следниот период ќе бидат познати и засилувањата во играчкиот кадар, кој ќе има задача по долго време да го врати Текстилец во елитното македонско друштво.
Искусниот Марјан Сарашов, кој беше дел од Кичево, Македонија Ѓорче Петров и Шампион, се враќа во матичниот клуб и покрај играчката улога, ќе биде дел и од раководството.
Текстилец минатата сезона не успеа да се пласира во разигрувањето за елитата, но во плеј-аутот го освои првото место.