Атмосферата во шампионот на Црна Гора, Будуќност веднаш е на високо ниво откако ракометарките после два месеци повторно се заедно и тренираат. Исто како и останатите свои соиграчи, така и Барбара Лазовиќ со задоволство се врати на тренинзите со екипата.
За време на паузата заради коронавирусот сите ракометарки на Будуќност работеа индивидуално според план на кондиционите тренери. Екипата ќе тренира до 1 јуни, а од неодамна започнаа со работа и во својата сала „Морача“.
„Среќна сум што сме повторно заедно. Секако се надеваме на четвртфинале, тоа ни е целта и главна наша мотивација. Би било супер доколку играме во септември. Штета е сезоната само така да се заборави како да не била. Имавме одлично организирани тренинзи. Тренерите многу добро го вклопија планот и програмата. Немам чувство дека предолго паузираме затоа што не беше летната пауза кога сите одмараме, бевме постојано подготвени“, рече Барбара Лазовиќ.
Продолжението на женската лига на шампиони е неизвесно, а последните најави се дека би требало да продолжи со четвртфиналните дуели во септември. Сепак пандемијата со коронавирусот го диктира распоредот и до последен момент нема да се знае дали ќе се игра или не. Во четвртфиналето Будуќност треба да се сретне со Есбјерг.