Македонската репрезентативка Марија Штериова продолжува со своите одлични партии во шампионатот на Романија и уште еднаш покажа дека е главна алка во екипата на Глорија Бузау, која славеше против незгодната екипа на Баја Маре со 28:27.
Штериова на овој натпревар беше најефикасна од редовите на Глорија Бузау против својот поранешен клуб со седум постигнати погодоци од исто толку обиди. Во Баја Маре најефикасна со десет погодоци беше репрезентативката на Србија, Јелена Лавко.
Македонката пред извесен период се врати на ракометните терени откако паузираше подолго време поради операција на рамото.
Глорија Бузау со новата победа се позиционираше на 6. позиција на табелата со 22 освоени бодови. Штериова и нејзините колешки имаат голема шанса да обезбедат пласман меѓу четирите најдобри екипи во Романија.
Во следното коло, Глорија Бузау гостува во Букурешт кај екипата на Стинта.