Интернационалката на Македонија во првенството на Романија, Марија Штериова обезбеди важен триумф со колешките од Баја Маре против Униреа Слобоција од 29:20 во Купот на Романија. Тие се пласираа во четврт-финалето така што ќе има нов дуел.
Штериова продолжува со стандардните игри, а на овој натпревар имаше четири гола од десет шута со кои беше меѓу поефикасните во својот тим.
Уште не е познато кој ќе биде следниот ривал за Штериова и за Ливриниќ, која исто така обезбеди четврт-финале. Покрај Баја Маре и Рапид Букурешт во четврт-финалето се и ЧСМ Слатина, Клуж, Глорија Бузау, Дунареа Браила, Рамницу Влчеа и ЧСМ Букурешт.