Легендарниот голман Арпад Штербик ја игра последната сезона во кариерата. Иако демантираше пред два месеци дека оди во пензија, сепак викендов откри дека на крајот на сезонава ќе престане да игра ракомет.
„Две прекрасни деца и сопруга ме чекаат дома. Зошто би бил тажен? Би сакал и навивачите да не бидат тажни, бидејќи не заминувам далеку. Ако треба, секогаш ќе бидам подготвен да застанам на голот“, изјави Штербик за унгарските медиуми.
На негово место во Веспрем доаѓа шпанскиот репрезентативен чувар на мрежата Родриго Коралес од ПСЖ, кој заедно со Владимир Цупара и Марон Секељ ќе бидат триото голмани на унгарскиот гигант во следната сезона.
Штербик потекнува од Југовиќ Каќ, а беше дел од шпанските Сиудад Реал и Барселона, додека пред Веспрем го бранеше голот и на македонскиот првак Вардар, со кој стигна до титулата во Лигата на шампионите.