Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник денеска ќе го одигра претпоследниот натпревар од регуларниот дел во регионалната СЕХА лига, а ривал е унгарскиот гигант Веспрем, кој беше поразен на првиот меч во Битола. Голманот Арпад Штербик не беше дел од тој натпревар, но посакува одмазда.
„Секој бод е важен ако сакаме да завршиме на врвот на групата. Загреб и Брест се блиску до нас, па нас дефинитивно ни требаат бодовите против Еурофарм. Очекувам добар натпревар. Тие не победија претходно, па ние ќе бидеме мотивирани да се одмаздиме и годината да ја затвориме на домашен терен со победа пред нашите навивачи“, изјави шпанскиот голман.
Стратегот на Веспрем, Давид Дејвис исто така го памети поразот во Битола
„Се уште не сум го забораил поразот од Еурофарм во првиот дел од сезоната. Како и секој натпревар, ќе го сфатиме сериозно, особено на домашен терен пред нашите навивачи. Би сакале да ја завршиме годината на најдобар можен начин“, изјави Дејвис.
Во групата Б, Веспрем, Мешков и Загреб, се во конкуренција за првите две позиции. Битолчани практично се сигурни на четвртото место, со оглед на тоа што Металопластика која е петта со ист број бодови, вкупно 9 но и со натпревар повеќе во последното коло игра со Веспрем. Натпреварот меѓу Веспрем и Еурофарм Работник, кој се уште не настапува под новото име, се игра денеска од 17:00 часот.