В среда од 20:45 часот во СЦ „Борис Трајковски“ тимот на Вардар го пречекува Монпелје во 4. коло од Групата А во Лигата на шампионите, а ова ќе биде еден од поинтересните дуели неделава.
За овој дуел се делегирани арбитри од Шпанија. На теренот ќе се најдат Андреу Марин и Игнасио Гарсија Серадиља.
Делегатот е од Италија, а станува збор за Марко Тоси Бранди.
После три одиграни средби тимот на Вардар е на второто место со пет бода исто колку што има и Пик Сегед, а тоа се двете екипи кои досега се без пораз. Монпелје е на 5. позиција и има една победа, едно реми и пораз. Тимот на Монпелје победата ја обезбеди против составот на Кил во минатото коло.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А
ТАБЕЛА