Селекцијата на Шпанија е нов светски првак, откако во финалето на Мундијалот во Хрватска ја победи Данска со 28-23.
Шпанија поведе со 4-0, но скандинавскиот ривал до крајот на полувремето успеа да се врати во игра, па и да поведе со 14-13.
Голманот Лундорф беше одличен во првиот дел, со 47% успешност на одбранети удари и беше пречка што Шпанците немаа предност по првиот дел.
Шпанија играше 4-2 одбрана, тоа беше проблем за Данците и „фуријата“ се одлепи на плус два, 19-17. Во последната десетина минути уште една серија на Шпанија од пет гола и веќе немаше назад за Данска.
„Фуријата“ го освои трофејот во третото финале, откако губеше претходно два пати, еднаш и од Данска во 2011 година.
Ова е втор трофеј во серија, откако Шпанците лани триумфираа и на Европското првенство за кадети. На светскиот трон, Шпанија е наследник на Египет кој го освои трофејот во 2019 година во Скопје.
Во борбата за третото место, Хрватска по продолженија беше подобра од Египет и го совлада со 39-37.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!