Шпанскиот „Спорт“ објави бомбастична информација дека Лука Циндриќ ќе ја напушти Барселона пред истекот на договорот кој има важност до 2025 година.
Како што пишува шпанскиот медиум, раководството на клубот веќе го известило искусниот хрватски репрезентативец дека не смета на него од наредната сезона.
Тој во последно време имаше проблеми со повреди, па често не беше во ростерот на стратегот Ортега.
Хрватскиот среден бек дојде во Барселона летото 2019 година од полскиот Келце и потпиша договор на четири сезони, кој потоа беше продолжен за уште две.
Циндриќ со Барса освои две шампионски титули во 2021 и во 2022 година, а претходно беше дел од Карловац, Металург и Вардар, со кој исто така се искачи на европскиот врв.