Коронавирусот предизвика непоправливи штети во ракометот ширум Европа, Шпанија е една од најпогодените земји а тоа го покажува и апелот од лигата до надлежните во земјата. Официјалната веб страна на шпанската Асобал лига објави официјален апел до надлежните институции во земјата со барање за финансика помош на клубовите.
Специјално создадената работна група на првенството во Шпанија уште еднаш потсети дека почетокот на првенството доцнеше, а вториот бран на коронавирусот предизвика уште поголеми проблеми и дека е неопходна финансиска помош на екипите за да успеат да ја завршат сезоната до крај.
Работната група проценува дека тимовите имаат финансиска загуба од околу 3 миилиони евра заради непредвидени трошоци на клубовите. Овој износ претставува 25% од вкупниот буџет кој го трошат екипите во сезоната. Исто така како можен спас се споменуваат програмите за поддршка на професионалниот и аматерски спорт што се донесени во другите земји од Европа но не и во Шпанија.
Во овој апел за спас на Асобал лигата се наведува дека клубовите не би можеле да го дочекаат крајот на сезоната. Заради овие причини може да се случи првенството на Шпанија да биде прекинато предвреме.