Иако Шпанија беше една од најпогодените земји од коронавирусот, во шпанските сали навивачите ќе се вратат на ракометните натпревари пред многу други.
На генералното собрание на некогашниот европски првак Бидасоа Ирун беше одобрен бројот на навивачи кои може да присуствуваат на нивните домашни натпревари и беше донесен буџетот за следната сезона кој изнесува 1.050.000 евра односно 12% помалку од претходната.
Во салата Арталеку ќе може да присуствуваат најмногу 600 навивачи на натпревар поделени по групи на пропишаното растојание од вкупно 1400 сезонски билети. Тоа значи дека сите гледачи нема да ги гледаат сите натпревари.
Според очекувањата на клубот единствен проблем би бил натпреварот со Барселона кој се игра на 7 октомври, а за тој меч е предвидена специјална ждрепка.
Бидасоа Ирун веќе започна со пријателски натпревари и веќе го одигра првиот дуел против Хуеска пред околку 300 навивачи. Следува меч со Атаисуана кој ќе се игра без публика.