Машката репрезентација на Македонија денеска го игра првиот дуел од главната рунда на Мундијалот во Египет.
Противник ќе ни биде селекцијата на Словенија, која во првата фаза забележа две победи – над Јужна Кореја и Белорусија, а загуби од Русија и пренесе само два бода.
Светската ракометна федерација ги одреди судиите за овој двобој, а тоа се Шпанците Игнасио Гарсија и Андреу Марин.
Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра во „Каиро Стадион“ со почеток во 15:30 часот.