Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за реванш осминафиналните средби од Лигата на шампионите.
Вардар му гостува на Веспрем в четврток, а ЕХФ за оваа средба одреди арбиитри од Шпанија.
Станува збор за Игнасио Гарсија Серадиља и Андреу Марин, додека делегат ќе биде Елеш од Унгарија.
Вардар загуби на првиот меч со убедлив 27-41 и веќе е елиминиран од елитното натпреварување.
Реванш натпреварот ќе се игра во „Веспрем Арена“ в четврток со почеток во 18:45 часот.