Иако имаше информации дека Гедеон Гвардиола ќе се врати во татковината, сепак шпанскиот репрезентативец ќе продолжи во Бундес лигата.
39-годишниот Гвардиола не размислува за крај и потпиша договор со бундеслигашот Ерланген што има важност од 1 јули.
Камбекот во Шпанија е одложен за сезоната 2024/25, а дотогаш одличниот дефанзивец ќе настапува во најквалитетното ракометно натпреварување во Европа.
Гвардиола потекнува од Петрер, во Шпанија играше за Валенсија, Теукро, Ла Риоха и Портланд Сан Антонио, пред да замине во Германија во 2014 година.
Таму шест сезони го носеше дресот на Рајн Некар Левен, каде остана до 2020 година, по што замина во Лемго, чиј ракометар ќе остане до лето.