Во возбудлив натпревар до самиот крај, Шпанија славеше против Русија со 26:25 во 2. коло од главната фаза во рамките од ЕП.
Избраниците на Велимир Петковиќ имаа подобар старт на натпреварот и одлично ја завршија својата задача во одбраната бидејќи најсилното оружје на Шпанците, крилните играчи, не запишаа ниту еден погодок во првото полувреме.
Иако, Русија имаше водство од 3:1 во воведниот дел, сепак, Шпанија со серија од 3:0 стигна до плус еден, 4:3. Двете репрезентации продолжија со ист ритам во следниот период.
На секој постигнат гол на Шпанија, ракометарите на Русија враќаа со погодок преку брз организиран напад. Свежина во нападот во рускиот тим донесе Виноградов, кој со своите асистенции кон неговите колеги беше заслужен за водството на неговата репрезентација од 7:8 и 9:8.
Максимално израмнето се играше до крајот на првото полувреме кое заврши со минимална предност за Шпанија од 12:11. Интересен факт е дека во првите 30. минути кај двете репрезентации немаше ниту едно исклучување.
Русија со погодоците на Санталов и Шишкарев по пет минути игра во второто полувреме стигна до плус два позитива, 16:14. Со одбраните на Киреев кои беа наградени со головите на Санталов, водството на Русија се зголеми на три гола предност, 18:15.
Русите на петнаесетина минути до крајот имаа највисоки четири гола позитива, 22:18. Ракометарите на Жорди Рибера за речиси две минути постигнаа три брзи погодоци и дојдоа до минус еден, 21:22.
Во последните десет минути се влезе во егал завршница. Касадо во 55. минута и донесе повторно водство на Шпанија за 26:25. Русија во последната секунда доби пенал, но Сорока промаши за реми. Крајниот епилог од средбата беше 26:25 за репрезентацијата на Шпанија.
ЕП 2022, ГРУПА 2 – ТАБЕЛА