Дербито во групата А што се играше во Краков им припадна на европските вицешампиони Шпанија, кои ја победија Црна Гора со 30:25 (15:12). Натпреварот беше изедначен во првите 15-тина минути, кога свои моменти имаа голманите Симиќ кај Црна Гора и Перез де Варгас кај Шпанија. „Црвената фурија“ во следниот период почна да ја користи предноста од играч повеќе за да дојде и до водство, кое на полувреме изнесуваше 15:12.
И почетокот на вториот дел почна во знакот на голманите, а Шпанија ја одржуваше предноста од 2-3 гола. Во 44.минута Шпанија продолжи да ги казнува грешките на противникот и имаше предност од 21:17.
Шпанија сосема заслужено дојде до победата и двата бода, бидејќи противникот имаше речиси двојно повеќе грешки во текот на 60-те минути. Најефикасен на дуелот беше Бранко Вујовиќ од Црна Гора со 7 голови, а кај Шпанија најпрецизен беше Одриозола со 6 голови.
Црна Гора – Шпанија СП 2023
На дуелот во Гетеборг во Ц групата ко-домаќинот Шведска го победи Бразил со 26:18 (11:9). Европскиот шампион Шведска во првиот дел се мачеше да го скрши отпорот на незгодните „кариоки“. Шведска во последните 15 минути влезе со предност од пет голови 19:14, пред се благодарение на добрата одбрана на чело со Паличка (вкупно 17). Најефикасен на дуелот беше Џим Годфридсон од Шведска со 6 голови без промашување.
Најнеизвесно беше на дуелот од Д групата во Кристијанштад меѓу Исланд и Португалија, кој му припадна на Исланд со 30:26. На полувреме ниту една репрезентација немаше преднсот 15:15. Исланд успеа да се одлепи во вториот дел и да поведе со 22:19, но Португалците пак собраа сили и во 49.минута изедначија на 22:22. Сепак во последните 10 минути Исланд ја потврди улогата фаворит и покрај победата освои два бода. Најефикасен беше Бјарки Елисон со 9 голови.