Шпанија со тројца дебитанти во одбрана на титулата (ФОТО)

Репрезентацијата на Шпанија ќе има тешка задача за да дојде до хет-трик односно до нова одбрана на титулата.

Селекторот Жорди Рибера во составот на патници на Европското првенство вклучи 19 ракометари, а меѓу нив се најдоа Чема Маркез (Гранољерс), Јан Тарафета (Екс ан Прованс) и Агустин Касадо (Логроњо)

Направени се одредени измени, но Шпанците и на овој шампионат сметаат на дел од искусните ракометари кои играа и пред четири години во Хрватска и пред две години на првенството во Шведска, Австрија и Норвешка.

Во тимот и овој пат ќе бидат голманите Гонзало Перез де Варгас и Родриго Коралес, ќе играат и искусните Канељас, Македа, Гвардриола…

Шпанија има добар тим, но далу ќе може со него до ноа титула ќе се види веќе од 13 јануари.