Европскиот шампион Шпанија со максимални три победи патува во главната рунда на Европското првенство и ја продолжува одбраната на титулата.
Шпанците имаа проблеми во неважниот натпревар со Босна и Херцеговина, но со пресврт во вториот дел оствари триумф.
Избраниците на Ивица Обрван најчесто беа во предност во првиот дел, а на пауза се замина со 14-12.
Во второто полувреме некаде до петнаесетина минути до крајот, Босанците водеа во повеќе наврати и со плус три, но кога Шпанија стигнаа до 22-22, ја презема контролата и до крајот само рутински го одработе мечот.
Најдобри стрелци кај победникот беа Касадо со седум и Маркес со четири, додека кај Босна и Херцеговина се истакна Карачиќ со шест гола.
ЕП 2022, ГРУПА Е – ТАБЕЛА