Шпанија продолжува максимално на Европското првенство во главната фаза и во рамки на групта 2 забележа сигурна победа против десеткуваната репрезентација на Германија со 29:23.
Германија добро се држеше во текот на првото полувреме, Шпанија поведе во почетните минути но избраниците на Гисласон се вратија игра и го преземаа водството кон средината на полувремето.
Во финишот на првото полувреме Шпанија уште еднаш го сврте резултатот и на полувреме имаше позитива од 14:12. Клучниот дел од натпреварот беа почетните минути на вториот дел кога Шпанија со серија од 5:0 се одлепи на недостижно водство.
До крајот на натпреварот Германија немаше сили за ново враќање во игра и забележа пораз. Шпанците одиграа рутински во второто полувреме, имаа највисоко водство од осум гола и без многу проблеми запишаа нови бодови.
Хорхе Македа беше прв стрелец во репрезентацијата на Шпанија со шест гола, додека Феран Соле постигна шет погодоци. Перез де Варгас беше фантастичен на голот и собра 16 интервенции. За Германија Патрик Цикер и Јоханес Гола беа најефикасни со по четири гола.
ЕП 2022, ГРУПА 2 – ТАБЕЛА