Репрезентацијата на Шпанија ја оствари втората победа на Светското првенство во Египет откако ја совлада селекцијата на Тунис во третото коло со 36:30 и го обезбеди првото место во групата Б.
После нерешениот резултат против Бразил на отварањето, Шпанија славеше многу тешко против Полска, но затоа во третиот натпревар одигра на повисоко ниво и беше сигурна против Тунижаните.
Скоро половина од првиот дел се играше изрмането со еден гол предност на едната или на другата страна. Од резултат 8:8 Шпанија започна да го гради водството со серија од 3:0 и таквата предност ја задржа до полувремето кога водеше 17:14.
Ефикасната игра продолжи и во вториот дел, а доминацијата на Шпанија се зголемуваше. Шпанците се одлепија на пет гола позитива што за Тунис беше недостижно. Најмногу што усепаја да се доближат Тунижаните беше на минус два, 23:25.
Сепак Шпанија покажа дека е поквалитетен портивник и со повисоко ниво на игра во завршните минути без проблеми стигна до победата. Анхел Фернандез ја предводеше Шпанија со десет гола, во составот на Тунис, Дармул беше најрасположен со осум гола.
Со овој триумф Шпанија го обезбеди првото место во групата со пет бода, а во наредната фаза ќе пренесе три бода. Овој пораз за Тунис значеше дека остануваат на четвортото место со еден бод и ќе играат за местата за пласман во Президент купот.