Селекцијата на Шпанија го објави составот за натпреварите од Златната лига, а во него има две промени во однос на изминатот Европско првенство во јануари.
На местото на Мигел Санчез Мигалон повикан е 38 годишниот Виран Морос, а Алекс Душебаев е заменет со Мигел Мартинез од Ваљадолид.
СОСТАВОТ НА ШПАНИЈA: Гонзало Перез де Варгас, Сергеј Хернандез, Агустин Касадо, Иан Тарафета, Жоан Кањелас, Давид Иглесиас, Чема Маркез, Иманол Гарсиандиа, Хорхе Македа, Мигел Мартинез, Даниел Фернандез, Анхел Фернандез, Феран Соле, Каулди Одриозола Абел Сердио, Жаима Гаљего, Инаки Песина, Виран Морос.
Во рамки од „Златната лига“ Шпанија на 19. март ќе игра дома против Данска, а еден ден подоцна „Фуријата“ ќе и гостува на Норвешка.