Ракометната федерација на Шпанија извести дека ќе бидат направени две измени во составот со кој ќе патуваат на Медитеранските игри кои ќе се одржат во периодот од 28 јуни до 6 јули во Оран, Алжир.
Селекторот Жорди Рибера дополнително ги повика Хосеп Фолкес, левото крило од Спортинг и Рубен Марчан, пивотот на Нант кои ќе бидат замена за Мигел Санчез Мигалон од Келце, кој се уште има обврски со Келце, и Абел Сердио, кој имаше долга сезона со Висла Плоцк.
Ракометарите на Рибера ќе се обидат да го донесат осмиот медал од Медитеранските игри, злато имаат освоено во 2005 година, а имаат и две сребрени медали и четири бронзени.
Шпанија е во група со Македонија, а во истата група уште се и Грција, Турција и Алжир. Собирот на репрезентацијата на Шпанија е закажан за 17 јуни во Мадрид каде што ќе се подготвуваат до 22 јуни кога патуваат за Оран.