Шоу на Ристовски – сите 15 одбрани на вардарецот против Алборг (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Вардар го совлада европскиот вицепрвак Алборг со 30-28 во натпревар од третото коло во Лигата на шампионите. Еден од клучните ракометари во нашиот тим беше голманот Борко Ристовски, кој собра 15 одбрани, од кои три беа удари од седум метри, а бранеше околу 45 минути. Погледнете го шоуто на македонскиот "министер"...