Додека капитенот на Еурофарм Пелисер, Градимир Чаневски го добиваше и се фотографираше, Стоилов во позадина се „потчукнуваше по стомакот, го подигна дресот и свртен накај навивачите на битолчани потскокнуваше и им го покажуваше стомакот“.
Ривалството на Вардар и Пелистер продолжува, а во „закачките“ на навивачите секогаш на мета се играчите. Во финалето во Струга годинава триумфираа битолчани, а тие имаа дури и подршка од неколку десетина свои навивачи кои допатуваат и од надворешниот дел на игралиштето постојани пееја. Дофрлуваа, на моменти можеби и ги надминуваа границите на пристојност, но играчите никогаш и не реагираат на таквите моменти.
Но, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов не издржа да не им врати на чкембари, па малку и да се мајтапи со нив. Само можеби моментот не баш пригоден. Додека победникот на турнирот Еурофарм Пелистер го добиваше пехарот. Стоилов во позадина се „потчукнуваше по стомакот, го подигна дресот и свртен кон навивачите на битолчани потскокнуваше и им го покажуваше стомакот“.
Колку и да изгледаше ова симпатично и можеби културно возвраќање на довикувањата на навивачите, исто толку беше и лош момент. И сето тоа се случуваше додека имаше ТВ пренос, додека сите го следеа доделувањето на пехарот. Колку и да сакал да им возврати, сигурно можел да почека, барем додека се исклучат камерите.
Едно е сигурно, ќе биде интересно на сите натпревари од домашното првенство.