Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва му гостуваат на хрватскиот првак Загреб во рамките на регионалната СЕХА лига.
Тренерот на „плинарите“ Владо Шола, очекува различен натпревар во споредба со пријателскиот пред неколку дена.
„Дуелот кој следи со Еурофарм Пелистер, според мене, ќе биде комплетно различен од пријателскиот кој го игравме за време на подготовките. Покажавме добро издание против Татран пред неколку дена, сега мора да ја продолжиме добрата работа. Двата тима имаат високи амбиции оваа сезона, а ако играме онака како што се договоривме, ќе победиме. По повредите во ростерот се враќаат Мраковчиќ и Божиќ Павлетиќ, но за составот ќе решам пред натпреварот“, кажа Шола.
Натпреварот меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер се игра вечерва од 20:00 часот.